„Кога учам, пијам текила“ – Ким открива факти за себе за 40-иот роденден + како ѝ честитаа Канје и најблиските
- Детали
- четврток, 22 октомври 2020
Ким Кардашијан наполни 40 години, а честитките од најблиските не изостанаа. Истовремено, по повод роденденот, ријалити ѕвездата сподели и 40 факти за неа што не ги знаевме.
Канје доста ретко споделува фотографии од Ким на социјалните мрежи, но по повод нејзиниот роденден одлучил да направи исклучок.
На 21-ви октомври ријалити ѕвездата наполни 40 години, а сопругот Канје ѝ честиташе со Twitter објава. Раперот сподели фотографија од моментот кога ја запроси среде терен за бејзбол, во 2013-та година.
„Среќен 40-ти роденден!!! Те сакам премногу“, напишал Канје.
После бурното лето на парот, особено поради проблемите со менталното здравје на Канје – изгледа нештата конечно тргнуваат во добра насока.
Претходно, мајка ѝ Крис сподели неколку фотографии заедно со честитка за роденденот:
„Среќен роденден моја Кимберли. Ти имаш прекрасна душа и си прекрасна личност. Секој ден му се заблагодарувам на Бог што ме одбрал јас да ти бидам мајка“, напишала Крис.
Ким доби слична честитка од сите членови од семејството, но и ѕвездите како Мадона и Елен Деџенерис.
Очекувано, Елен ѝ честиташе со смешна фотка на која самата се фотошопирала покрај Ким и Канје.
Во меѓувреме, по повод роденденот, Ким споделила 40 забавни факти за неа за E!.
Од сајтот ја замолиле Ким да сподели интересни факти за неа што ќе им помогнат на фановите подобро да ја запознаат.
Во продолжение можете да погледнете дел од најинтересните:
„Ако бев суперхерој, ќе бев Wonder Woman бидејќи таа е главна“.
„Најдобриот подарок што сум го добила е слика од Лусио Фонтана“.
„Секој ден се будам во 5:49 наутро, ги мијам забите, го мијам лицето, облекувам спортска опрема и почнувам да вежбам во 6“.
„Првиот бакнеж ми беше со момче кое се вика Џерард. Тоа беше краток бакнеж на училишното игралиште“.
„Ако бев на пуст остров, двете нешта што би ги земала со мене се моето семејство и мојот смартфон“.
„Многу сакав да учам психологија на училиште“.
„Последното нешто што си го купив онлајн е перница за грбот. Секогаш имам болки во грбот“.
„Требаше да бидам дел од ријалити шоу наречено I’m a Rich Kid, Get Me Out of Here. Беше откажано уште пред да почне снимањето. Бев многу тажна, но тогаш се појави Keeping up with the Kardashians“.
„Додека учам, сакам да испијам една чашка текила, а потоа лимонада.“
„Ако некој ми рече дека ќе ми исполни три желби, ќе побарам здравје за мене и семејството, среќа и мир во светот“.
„Ѕвездата која најмногу ме восхитува е Шер. Таа е толку убава“.
„Ако можам да зачувам само три нешта од она што го имам, тоа ќе бидат мојот телефон, балсам за усни и очила, односно не, заштитна маска“.
„Последното нешто што го пребарав на Google се слики од градини“.
„Храна што ја мразам најмногу: маслинки и сенф“.
„Смртта на татко ми имаше најголемо влијание врз мојот живот. Ме научи да љубам силно бидејќи никогаш не знаете колку време имате“.
Спирова С. | Црнобело