Прекрасен гест – Новак Ѓоковиќ им држи час по тенис на дечиња среде улица во Белград (видео)

Додека го шетал неговото куче во Белград, тенисерот Новак Ѓоковиќ застанал за да им покаже неколку тениски трикови на негови фанови.

prekrasen-gest-novak-gjokovikj-im-drzhi-chas-po-tenis-na-dechinja-srede-ulica-vo-belgrad-video-01.jpg

На Twitter се појави видео на кое се гледа српскиот тенисер како му покажува на едно детенце како правилно да го држи рекетот.

Наводно, тенисерот го шетал неговото куче низ улиците во Белград, кога налетал на група дечиња, од кои едното држело тениски рекет. Новак без двоумење му го побарал рекетот и му покажал како правилно да го држи, но и како да замавне со него. Околу нив, пак, стoи група дечиња кои љубопитно ги набљудуваат.

„Ретко ќе видите светски првак во тенис како им држи часови на децата во соседството додека си го шета кучето низ Белград“, стои во описот на видеото.

Навистина прекрасен гест од тенисерот, кој сигурно им ја разубавил вечерта на малите дечиња.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џени Гарт за „борбата“ со менопаузата: „Телото ме издава, страдам физички и ментално“ На Кели од „Беверли Хилс“ на 45 години ѝ беше дијагностициран остеоартритис...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Немале секс пред бракот, не користат телефон во кревет – Необични факти за Џастин и Хејли Бибер Во една пригода Џастин откри дека не можат да си одолеат еден на друг кога се до...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Србин му организирал оргии, пред да стане актер се дружел со криминалци – Бурниот живот на Ален Дело... На само 4 години родителите му се развеле и го оставиле во згрижувачко семејство...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg