Хрватската 61-годишна Барбика со син како Кен: „И во продавница одам со високи потпетици“
- Детали
- недела, 18 октомври 2020
Бранка и нејзиниот син Марко сакаат слава, впечатливи модни парчиња и многу, многу филтери на фотографиите.
Марко Грубниќ е 37-годишен стилист од Хрватска кој почна да ѝ го привлекува вниманието на јавноста уште при самото појавување, пред 15тина години. Тој постојано е во друштво на хрватските ѕвезди и ги подготвува за екстравагантните пригоди.
Познат е по тоа што внимава многу на стилот, но и користи премногу филтери на фотографиите на Инстаграм, за што многумина го критикуваат.
Неговиот татко Вељко е пензионер, а мајка му Бранка иако има 61 година личи на познатата кукла Барби. Таа е атрактивна русокоса со впечатлив стил и, како и нејзиниот син, е многу активна на социјалните мрежи.
Во интервју за 24sata.hr, таа открива дека по професија е економист, а веќе 42 години работи во истата државна компанија. Вели дека колешките веќе се навикнале на нејзиниот моден стил и дека ѝ се воодушевуваат како може постојано да е на толку високи потпетици.
За воспитувањето на својот син Марко вели:
„Мојот Марко го учев дека облеката не го прави човекот, но дефинтивино многу говори за него. Сметам дека модата е најважната споредна работа на светот. Јас одам на високи потпетици дури и на лекар, во пекарница, супермаркет и банка, целиот мој живот го правам тоа.“
Додава дека линијата ја одржува со многу вода и овошје и зеленчук.
„Сопругот никогаш не ме видел без средени нокти, тој сака да ме види убаво средена“, вели 61-годишната Бранка.
Фотки од семејството: