Од секс симбол до фармер – како изгледаше најпосакуваната жена во Холивуд? (фото)
- Детали
- понеделник, 12 октомври 2020
Нејзините родители се славните Ингрид Бергман, актерка од „златната ера“ на Холивуд и Роберто Роселини, познат италијански режисер.
Изабела Роселини тргна по нивните стапки, но според денешните стандарди тоа го направи малку доцна. Кон крајот на своите 20-ти години започнала кариера како модел, а во петтата деценија ѝ го раскинале договорот со Lancome затоа што била „стара“ за да рекламира парфем.
Сепак, во 2016 година ѝ понудиле нов договор, бидејќи очигледно е дека вистинската убавина и стилот не избледуваат никогаш.
Изабела е највпечатлива со улогата во филмот „Смртта ѝ прилега“ (Death Becomes Her), иако има споредна улога. Сепак, не им дозволи на Мерил Стрип и Голди Хоун кои се во главните улоги да заблескаат повеќе од неа.
Секако, Изабела има богато портфолио, а се потпишува и како режисер и продуцент на повеќе филмски проекти.
Иако одвреме-навреме прифаќа улоги, се чини дека Роселини е сепак посреќна со нејзиното хоби.
Таа е горд сопственик на фарма на Лонг Ајленд, каде што чува кокошки и овци, кои редовно ги објавува на Инстаграм, а има дури и објавено и книга „Моите кокошки и јас“ (My Chickens and Me).
Погледнете како изгледа Роселини денес на 68-годишна возраст:
https://www.instagram.com/p/CFhayALlo66/
(О)Милена | Црнобело