Како изгледа шпанскиот заводник Марио Касас после 10 години од „3 метри над небото“?
- Детали
- сабота, 03 октомври 2020
„Tres metros sobre el cielo“ е веројатно еден од малкуте шпански наслови кои може да ги изговорите без грешка, барем доколку сте припадничка на женскиот пол. Причината поради ова – шпанскиот заводник Марио Касас.
Филмот направен според книга доживеа огромен успех по неговото излегување во 2010 година. Вториот дел „Tengo ganas de ti“ од 2012 година сепак не го повтори успехот на првиот дел.
34-годишниот Касас зад себе има бројни филмски улоги. Беше во љубовна врска со колешката од популарниот филм Марија Валверде (Баби)...
...И со актерката Бланка Суарез, најпозната по улогата во хит серијата на Нетфликс - Cable Girls (Las chicas del cable).
Неговиот последен филм е The Paramedic во продукцијата на Нетфликс, а еден од најпопуларните е „The Invisible Guest“ (Contratiempo) од 2016 година.
10 години по хит филмот „3 метри над небото“ погледнете како изгледа еден од најубавите шпански актери, Марио Касас:
(О)Милена | Црнобело