Кралица со бицепси: Моден стајлинг на Летиција (48) во стилот на Меланија Трамп - го носи по третпат (фото)
- Детали
- четврток, 17 септември 2020
Во стилот на Кејт Мидлтон, кралицата Летиција ги носи одново истите стајлинзи, а во стилот на Меланија Трамп, прави храбри модни избори.
48-годишната кралица Летиција направи храбар моден избор во стилот на Меланија Трамп.
Таа облече розов Michael Kors фустан, додека нејзиниот сопруг, кралот Филипе, се одлучи за син костум.
Кралицата на Шпанија изгледаше неверојатно, а во фокусот на вниманието на фотографиите се нејзините затегнати бицепси. Очигледно таа внимава на фигурата и редовно вежба.
Инаку, овој фустан го носи по третпат на јавно појавување. Првиот пат го носеше во јуни 2018, па во јули 2019 година на средба со Меланија, а веруваме дека го носела и во некоја друга пригода бидејќи таа е позната по скромноста и повторувањето на стајлинзите.
Стајлингот на кралицата Летиција:
С. С. | Црнобело