Мери порасна - Ретка фотографија од ќеркичката на Енрике Иглесијас и Ана Курникова
- Детали
- четврток, 17 септември 2020
Мала 7-месечна „тенисерка“... Ана Курникова објави фотографија од нејзината порасната ќеркичка.
Близнаците на Енрике Иглесијас и Ана Курникова, Луси и Николас, на почетокот од 2020-та добија сестричка, а среќните родители тогаш објавија фотки од малата Мери, направени веднаш по раѓањето.
Ана оттогаш нема прикачено многу фотографии од нејзината ќерка на социјалните мрежи, но сега на Инстаграм покрена лавина од реакции со фотка од пораснатата Маша (нагалено од Мери, на руски) која позира во бел стајлинг. Курникова се пошегува дека Маша е подготвена за Вимблдон.
Дали и таа ќе тргне по стапките на мајката тенисерка останува да видиме, но изгледа дека мајка ѝ има такви планови за неа.
Курникова иако многу рано се пензионираше од тенисот, на само 21 година, постигна завидни успеси и беше рангирана осма на светско ниво.
Како изгледа 7-месечната ќерка на Ана и Енрике: