Вљубени до уши на новите фотки - зошто новата врска на Кејти Холмс ја иритира јавноста?

41-годишната Кејти Холмс е обвинета дека е растурачка на домови откако нејзиното момче на суров начин ја изневери со неа и ја остави 24-годишната свршеница.

vljubeni-do-ushi-na-novite-fotki-zoshto-novata-vrska-na-kejti-holms-ja-iritira-javnosta-01.jpg

Кејти Холмс (41) ужива во врската со Емилио Витоло Џуниор и папарацо фотографите постојано го ловат парот како ужива во романтични средби низ Њујорк.

Прегрнати и вљубени како тинејџери, тие уживаат во секој миг заедно.

Но, многумина ѝ замеруваат на Кејти за однесувањето затоа што нејзиното 33-годишно момче, по професија готвач, имало свршеница кога тие стапиле во врска.

vljubeni-do-ushi-na-novite-fotki-zoshto-novata-vrska-na-kejti-holms-ja-iritira-javnosta-02.jpg

Неговата свршеница Рејчел Емонс дознала дека Емилио ја изневерува со Кејти од фотографиите во медиумите, а Емилио ја раскинал свршувачката со неа наводно преку порака.

vljubeni-do-ushi-na-novite-fotki-zoshto-novata-vrska-na-kejti-holms-ja-iritira-javnosta-03.jpg

Рејчел е 24-годишна дизајнерка која всушност не ни знаела што се случува. Пријател близок до неа вели дека Емилио ја изневерил и ова што се случува помеѓу него и Кејти дефинитивно не може да се смета за приказна со среќен крај.

vljubeni-do-ushi-na-novite-fotki-zoshto-novata-vrska-na-kejti-holms-ja-iritira-javnosta-04.jpg

Емилио и Рејчел живееле заедно, имале куче и планирале свадба.

Фановите се бесни на Кејти за однесувањето и во коментари на нејзиниот Инстаграм профил ѝ пишуваат дека е „растурачка на домови“.

Нови фотки од Кејти и новото момче:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Како Сури Круз ја возвиши мајка ѝ и му зададе удар на славниот татко? Сури го избриша презимето на татко ѝ и зеде презиме со кое ја возвишува својата ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg