Ѕвезди кои простија неверство и решија да ѝ дадат втора шанса на врската
Пинк
Откако се запознаа во 2001-ва, Пинк и нејзиниот сопруг Кери Харт се гледаа, раскинуваа, се венчаа, се разделија, а имаа и дете.
Во 2008-ма почнаа да се шират гласини за неверството на Кери, но Пинк не го остави. Всушност, тие се заедно до денес.
Клои Кардашијан
Врската на Клои и Ламар Одом беше навистина бурна – во 2015-та Ламар беше фатен во јавна куќа во Лас Вегас, но Клои му прости. Само една година подоцна, во 2016-та, тој повторно ја изневери. Дури и самиот Одом има изјавено дека му било криво што имал афери со неколку жени додека бил со Клои.
Парот го финализира разводот во 2016-та.
Мелани Грифит
Во 2012-та, Антонио Бандерас беше фатен како ја изневерува Мелани. Тогаш почнаа гласини и дека парот ќе се разделува. Кратко по неверството, Мелани се појави во јавноста без прстен, и тоа неколкупати, но сепак реши да му прости.
За жал, нивниот брак не издржа, па тие се разведоа во 2015-та.
Кортни Кардашијан
После 9 години заедно, во 2015-та Кортни се раздели од Скот Дисик, најверојатно поради неговите неверства. А, додека беа заедно, Кортни неколкупати му прости за тоа.
Во 2008-ма Кортни нашла сомнителна порака во неговиот телефон, а во 2013-та Скот беше забележан како излегува од казино, фатен со две девојки за рака.
Иги Азалеа
Откако се верија со Ник Јанг во јуни 2015-та, Иги се соочи со гласините дека Ник ја изневерувал. Набрзо потоа се појави и снимка на која Ник го признава неговото неверство.
Иги решила да му прости и неколку месеци се обидуваа да ја поправат врската, но веројатно нештата не оделе по план, па тие се разделија.
Спирова С. | Црнобело