Ѕвезди кои простија неверство и решија да ѝ дадат втора шанса на врската
- Детали
- сабота, 10 октомври 2020
Можеби вие не би простиле неверство, но голем број славни им даваат втора, па дури и трета шанса на нивните неверни партнери.
Ретко која личност би го простила неверството на партнерот, но тоа сепак се случува, дури и во светот на шоу-бизнисот. Неверствата не се ништо ново во Холивуд, но ќе се изненадите кога ќе дознаете колку славни му простиле на неверниот партнер. А, дали нивниот партнер се променил после тоа, веројатно не знае никој.
Погледнете кои славни му простија на неверниот партнер:
Бијонсе
Се сеќавате кога Соланж, сестрата на Бијонсе го нападна Џеј Зи во лифт? Причината беше неговото неверство со дизајнерката Рејчел Рој. Тогаш, пејачката не само што му прости, туку заедно со Џеј Зи дадоа и изјава:
„Семејствата имаат проблеми и ние не сме поразлични. Се сакаме и поважно од сè – ние сме семејство. Го оставивме ова за нас и се надеваме дека сите други ќе го направат истото“.
Елизабет Харли
Хју Грант и Елизабет Харли се запознаа во 1988-ма и почнаа сериозна врска. Додека беа заедно, во 1995-та, актерот беше уапсен со проститутка, но Елизабет му го прости и тоа. Иако парот се раздели во 2000-та од други причини, Елизабет вели дека сè уште се слушаат секој ден.
Селена Гомез
Овие гласини не се потврдени, но фановите на Селена се убедени дека Џастин редовно ја изневерувал.
Тие беа заедно од 2011-та до 2014-та, и наводно, пејачот неколкупати ја изневерил.
Сара Џесика Паркер
Изгледа дека Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик имале многу брачни проблеми. Во 2001-ва, кога актерката доби Златен глобус за најдобра актерка, во својот говор не го ни спомна Метју. Во 2008-ма се појавија гласини дека тој ја изневерувал Сара, па на јавноста ѝ стана јасно што всушност се случувало.
Наводно, Метју ја изневерил Сара, и тоа со неколку жени, но тие се заедно и денес.
Роберт Патинсон
Ѕвездите од Twilight, Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт, им ја исполнија желбата на многу фанови кога почнаа да се гледаат.
Но, Кристен беше „фатена жива“ со режисерот Руперт Сандерс. Роберт најверојатно ѝ простил, бидејќи беа заедно уште цела година пред конечно да се разделат.