Како Меколи Калкин пронајде среќа на 40 години, по борбата со зависноста и злоупотребите?
- Детали
- четврток, 27 август 2020
Детето од „Сам дома“, што ги освои сите, сега е маж кој го прослави својот 40-ти роденден, доби прекрасна честитка од саканата и конечно ги остави зад себе мрачните мигови од животот.
Меколки Калкин засекогаш ќе остане запаметен како прекрасното русокосо момче од филмот „Сам дома“. На само 8-годишна возраст тој ги освои срцата на луѓето ширум светот и постигна светска слава.
Актерот вчера (26.08) наполни 40 години и изгледа поздраво и посреќно од кога било.
Неговата девојка, актерката Бренда Сонг, со која е во врска од 2017 година со заедничка фотографија му честиташе на Инстаграм:
„Среќен 40-ти роденден на моето магично суштество. Можам да седам и да пишувам бескрајно за тоа колку си прекрасен, мил, лојален, искрен, брилијантен и смешен и колку сум благодарна што го делам животот со тебе. Но, прво, за тоа ќе ми биде потребна вечност и второ ти нема ниту да видиш затоа што никогаш не користиш Инстаграм.
Мојот еднорог за кој никогаш не мислев дека може да постои. Јас сум најсреќната личност на светот затоа што сум сакана од тебе“.
Инаку Меколи потекнува од многу сиромашно семејство, имал тешко детство, го обвини татко му за психичка и физичка злоупотреба. Потоа, беше посочуван како потенцијална жртва на педофолија од страна на Мајкл Џексон, но тој никогаш не призна и до денес е во одлични односи со ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон и ја сака како сестра.
Меколи беше дете ѕвезда, заработи милиони, но потоа ненадејно престана да се појавува во филмови, се смени многу, стапи во брак на 18 години во 1998 година со актерката Рејчел Минер, но се разведоа само 2 години подоцна.
Потоа, 10 години беше во врска со актерката Мила Кунис за која велеше дека е неговиот камен темелник кој го стабилизира. Но, за жал врската заврши по гласините за неверство на Мила со Ештон Кучер.
По разделбата Меколи се бореше со зависноста од дрога, иако не призна јавно. Постојано осамнуваа фотографии од него на кои изгледа истоштетно.
За среќа, по многу препреки денес тој е среќен покрај партнерката Бренда Сонг и вели дека размислуваат и за семејство во иднина.
Очигледно ѕвездата ги остави тешките мигови зад себе. Тој иако не се занимава сега со глума, се појавува во разни ТВ емисии.
Прочитајте и Чуден однос со Мајкл Џексон, дрога: 10 мрачни факти за животот на Меколи Калкин