Се роди ќеркичката на Кети Пери и Орландо Блум - како ќе се вика?

Кети Пери и Орландо Блум го добија нивното прво дете – ќеркичката Дејзи Дав Блум.

plovime-vo-ljubov-keti-peri-i-orlando-blum-go-dobija-prvoto-zaednichko-dete-01.jpg

Ова е првото дете на Кети, но второто на Орландо, кој веќе го има 9-годишниот син Флин, со поранешната сопруга Миранда Кер.

И пејачката и актерот се амбасадори на УНИЦЕФ, па веста ја споделија оттаму, со црно бела фотографија од нивните дланки. Тие го искористија моментот и за да ја зголемат свесноста за луѓето кои немаат услови за безбедно породување како нив:

„Пловиме во љубов и се чудиме за безбедното и здравото пристигнување на нашата ќерка.

Но, знаеме дека ние сме среќни и дека не секој може да искуси мирно породување како нас. Заедниците ширум светот сè уште имаат недостаток од здравствени работници и секои 11 секунди умира бремена жена или новороденче, најмногу од болести што можат да се спречат.

Поради ковид-19, многу новороденчиња се изложени на ризик поради зголемениот недостаток од вода, сапун и вакцини, кои ги спречуваат болестите. Како нови родители, ова ни го крши срцето, бидејќи сега се сочувствуваме со овие родители повеќе од кога било“, стои во објавата.

Во истата објава, парот наведува и дека се залага да го промени сето ова. Истовремено, тие ги замолија фановите да донираат за оваа цел, по повод раѓањето на нивната ќерка.

Парот засега нема споделено други детали од породувањето.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Вирална фотка од Орландо Блум како зјапа во задникот на Ким Кардашијан – свршеницата стои до него, н... На вирална фотка од гала свеченост, се гледа како Орландо Блум зјапа во задникот...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg