„Мислев на неа уште кога имав 8 години“ - љубовната приказна на Џејсон Момоа и Лиса Бонет
- Детали
- сабота, 29 август 2020
Џејсон Момоа и Лиса Бонет се еден од најинтересните холивудски парови, а после 15 години заедно, тие изгледаат посреќно од кога било.
Уште поинтересно е што Џејсон речиси цел живот сонувал за Лиса, пред конечно да успее да ја освои во 2005.
Во продолжение погледнете како изгледаше нивната врска изминативе 15 години:
1980-ти: Џејсон првпат ја гледа Лиса
Во интервју од 2017-та, актерот изјави дека долго време бил фан на неговата сопруга. Првпат ја видел на телевизија, кога имал само 8 години, и тогаш си рекол дека ќе ја следи и некогаш ќе ја освои.
„Не ѝ го кажав ова сè додека не добивме две деца, инаку би изгледал како чуден лик … Отсекогаш сакав да ја запознаам. Таа беше кралица, секогаш“, вели актерот.
2005: Џејсон и Лиса првпат се запознаваат
На истото интервју, Џејсон сподели дека првпат се запознале со Лиса во 2005-та, во некој џез клуб. Откако Лиса му се претставила, Џејсон вели дека имал огномети во стомакот. После клубот, Џејсон ја замолил да го однесе до хотелот, а попат застанале на вечера и на пијачка.
„Не можам да кажам дека беше љубов на прв поглед, но бевме заедно од денот кога се запознавме. Кога се роди љубов, беше доста интензивна, а тој не побегна како повеќето мажи“, има изјавено Лиса во 2018-та.
2007: Парот го доби првото дете
После две години заедно, Лиса и Џејсон го добија првото дете – ќерката Лола. Ова е првото дете на Џејсон, но второ на Лиса. Таа има ќерка, Зое Кравиц, со пејачот Лени Кравиц.
2008: Џејсон ѝ помогнал на Лиса да се врти во актерските води
Во 2008-ма Лиса повторно почна да работи како актерка, откако доби улога во серијата Life on Mars. Таа изјави дека Џејсон ѝ помогнал да стигне дотаму.
„Јас сум срамежлива личност, но партнерот ми го даде она чувство на безбедност. Џејсон е љубовта на мојот живот. Тој е сè што јас посакувам да станам“, вели Лиса за нејзиниот сакан.
2008: Парот го доби второто дете
Околу една година после раѓањето на Лола, Џејсон и Лиса добија второ дете – синот Накоа.
Интересно е што додека се породувала Лиса, надвор имало ужасна бура, па оттаму и неговото име. Наводно, Накоа значи воин.
2014: Прв заеднички филм
Во 2014-та, Џејсон и Лиса ја пренесоа љубовта и на филмското платно. Тие се појавија во филмот Road to Paloma, чиј режисер и сценарист е самиот Џејсон.
„Тоа е чест. Во овој бизнис мораме да патуваме далеку од нашите семејства. Ние имаме две деца, па ако можеме да работиме заедно – тоа е одлично. Пред да ја запознаам, сонував да работам со неа“, изјави Џејсон за нивната соработка
2015: Зое му кажа на светот колку добро се согласува целото нејзино семејство
Во 2015-та Зое откри дека Џејсон и бившиот на Лиса, Лени Кравиц, се во одлични односи:
„Татко ми и очувот одлично се сложуваат, а татко ми е навистина близок со полу-братот и полу-сестрата. Прекрасно е. Сè додека сите можеме да бидеме во иста просторија и да се забавуваме и да се сакаме, нашиот однос е здрав“.