„Мислев на неа уште кога имав 8 години“ - љубовната приказна на Џејсон Момоа и Лиса Бонет
2017: Родителството го направило Џејсон погрижлива личност
Во 2017-та, актерот призна дека децата го направиле многу подобра личност.
„Не можам да ви кажам што се случуваше пред да добијам деца. Само трошев време. Мислам дека бев несмасен и надвор од контрола. Сега сум пофокусиран. Мислам и дека се сакам повеќе и се грижам подобро за себе, бидејќи сакам долго да бидам овде за моите деца“.
2017: После 12 години заедно, парот се венча во тајност
После 12-годишна врска и две деца, Џејсон и Лиса го кажаа судбоносното да. Иако тие планирале целиот настан да биде тајна, во јавноста протекоа некои детали.
„Мислевме дека ќе помине мирно, но некој кажал нешто и ќе те најдам кој си!“ – изјави Џејсон во 2017-та.
Истовремено, тој сподели дека се чувствувал како да е во брак со Лиса 12 години, а венчавката била само настан за славење на нивната љубов.
2018: Лиса отворено прозбори за врската со Џејсон
Лиса ретко зборува за приватниот живот, па беше вистинско освежување кога откри некои детали од врската со Џејсон.
„Она што е интересно кај Џејсон е тоа што тој е алфа маж кој е на страната на љубовта и семејството. Како личност која немала татко, да бидам со ваков посветен маж е навистина неверојатно. Џејсон има ретка форма на мажественост – тој е лидер, но тој е и дарежлив“.
2018: Парот се појави со семејството на премиерата на Aquaman
Многу ретко ќе ги видите Џејсон и Лиса со децата на црвениот тепих, но направија исклучок за премиерата на Aquaman.
Тие го гледаат филмот на Џејсон со двете деца и мајката на актерот.
2019: Џејсон не престанува со пофалбите за Лиса
Во 2019-та Џејсон изјави дека за неговиот успех и неговата самодоверба е одговорна и Лиса.
„Ако некој ми рече дека нешто е невозможно, му велам: ’Слушај, се венчав со Лиса Бонет. Сè е возможно!‘“
2020: Џејсон е џентлмен во секој момент
На доделувањето на Златните глобуси годинава, Џејсон се покажа како вистински џентлмен – актерот беше фотографиран само во маица, бидејќи ѝ го дал сакото на Лиса затоа што ѝ било студено. Кога беа фотографирани на забавата после настанот, Лиса уште го носеше палтото.
„Беше ладно внатре. Морав да се грижам за женичката“, изјави Џејсон за настанот.
2020: Заедничка реклама
Годинава парот направи и заедничка реклама која се емитуваше за време на Super Bowl. Главниот лик во реклама е Џејсон, а Лиса се појавува на крајот.
Спирова С. | Црнобело