Нема веќе кралски протоколи: Меган Маркл конечно во кратки шорцеви и спортски патики (фото)
- Детали
- понеделник, 24 август 2020
Едвај го дочека првото лето надвор од кралското семејство и повторно се врати на старите лежерни стајлинзи - Меган ја слави слободата облечена во шорцеви.
Додека ги имаа кралските должности со Хари изгледаа скоцкани од глава до пети во елегантни комбинации.
Но, откако се повлекоа од кралското семејство, парот е поопуштен и конечно ужива како во деновите пред да се верат.
Поранешната војвотка од Сасекс ја слави својата слобода со лежерни аутфити, а последно се појави во кратки шорцеви, спортски патики и бела кошула.
Двајцата ги почитуваа мерките за заштита и носеа маски и ракавици додека делеа училишна опрема, облека, хигиенски средства и храна на децата на кои им е потребно тоа за почетокот на школската година.
M. M. | Црнобело / фото: Инстаграм