По скандалот со педофилија, се враќа посилен – Новата песна на Бака Прасе доби 1 милион прегледи за 7 часа (видео)
- Детали
- вторник, 18 август 2020
По скандалот во кој го обвинија дека бил со малолетна девојка и големиот број критики, српскиот Јутубер се повлече, а сега се врати посилен од кога било, со нова песна која „растури“.
Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе е српски Јутубер кои до 23-та година успеа да заработи повеќе пари од многу други ѕвезди во регионот, а редовно се фали со автомобилите и домовите во кои се луксузира.
Вели дека заработува месечно по 115.000 евра од реклами на каналите, има своја модна линија која е популарна помеѓу младите во регионот, снима песни и живее во луксуз.
Сепак, славата го донесе и до скандал со педофилија, откако протекоа преписки со малолетни девојчиња за што беше обвинет дека имал секс со нив.
За скандалот прочитајте повеќе ТУКА.
Тој направи кратка пауза од социјалните мрежи, ги отстрани постовите од Инстаграм, но сега се врати посилен од кога било и се пофали дека се почастил со Lamborghini.
Бака Прасе се врати за да ја промовира најновата песна „Ona ona“, која со брзина на светлината се искачи на првото место во трендинг листите во регионот, а за само 7 часа достигна 1 милион прегледи - нешто што дури ни познатите пејачи не успеваат да го достигнат.
M. М. | Црнобело