10 славни и богати личности кои „бегаат“ од луксузот и живеат скромно

Ева Лонгорија

Ева е многу поразлична од нејзиниот лик во Desperate Housewives. Таа доаѓа од сиромашно семејство и веројатно тоа е причината за нејзината скромност.

Актерката има изјавено дека го смета Холивуд за изолирано место, каде што луѓето го губат допирот со реалноста. За неа, Холивуд е само место каде што работи.

10-slavni-i-bogati-lichnosti-koi-begaat-od-luksuzot-i-zhiveat-skromno-06.jpg

Ева Мендез и Рајан Гослинг

Ева и Рајан се еден од најприватните славни парови – никогаш не зборуваат за нивниот живот или нивните деца. Уште поинтересно е што за разлика од повеќето славни, тие не најмуваат дадилки и сами се грижат за нивните деца. Единствено понекогаш добиваат помош од нивните родители.

Славниот пар сака да ги заштити децата од јавноста и никогаш не организираат големи прослави со многу славни гости.

10-slavni-i-bogati-lichnosti-koi-begaat-od-luksuzot-i-zhiveat-skromno-07.jpg

Ешли Грин

Ешли има изјавено дека е многу среќна бидејќи татко ѝ ја научил да штеди.

„Тоа е важно бидејќи во случај да останам без работа, не мора да се грижам за храна и трошоци“.

10-slavni-i-bogati-lichnosti-koi-begaat-od-luksuzot-i-zhiveat-skromno-08.jpg

Ворен Бафет

Кој би рекол дека еден од најбогатите луѓе во светот е и еден од најскромните? Ворен живее во куќа што ја купил уште во 1957, во Небраска. Наместо во скапи ресторани, тој често јаде во ресторани за брза храна, а голем дел од слободното време минува играјќи карти со неговиот пријател Бил Гејтс.

Ворен не само што не троши за луксуз, туку огромен дел од парите ги донира, најмногу преку фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс. Ворен има и изјавено дека планира да донира 99% од неговото богатство.

10-slavni-i-bogati-lichnosti-koi-begaat-od-luksuzot-i-zhiveat-skromno-09.jpg

Дејв Грол

Поранешниот тапанар на Nirvana и основачот на Foo Fighters има изјавено дека работи од задоволство. Односно, целта никогаш не му била да заработи многу пари туку, едноставно, сакал да биде музичар.

10-slavni-i-bogati-lichnosti-koi-begaat-od-luksuzot-i-zhiveat-skromno-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg