10 славни и богати личности кои „бегаат“ од луксузот и живеат скромно
- Детали
- недела, 25 октомври 2020
Само затоа што се богати, не значи дека сите славни се расфрлаат со пари и живеат во луксуз.
Познатите заработуваат навистина многу, па навикнати сме да ги гледаме во огромни куќи, луксузни јахти, па дури и на приватни острови.
Сепак, постојат и славни на кои луксузот не им е воопшто важен и живеат колку-толку „нормален“ живот.
Погледнете кои се најскромните славни личности:
Мик Џегер
Мик Џегер е член на еден од најпознатите бендови на сите времиња – Rolling Stones. Музичарот со импресивна кариера успеал да заработи многу пари, но тоа не го спречува да биде скромна личност.
„Ние кои пораснавме во 50-тите сме научени да штедиме. Ние не ги фрламе компјутерите веднаш штом ќе престанат да работат. Ние сакаме да ги поправаме автомобилите наместо да ги носиме во отпад.
Ние не сме научени да однесеме 30 пријатели на одмор и да потрошиме илјадници фунти на забави. Вистината е дека повеќето Англичани, без разлика колку се богати, не се однесуваат така“, има изјавено пејачот за богатството.
Марк Рафало
Актерот и неговото семејство живеат во северниот дел од државата Њујорк, во мал град наречен Каликун. И покрај целото богатство, Марк сакал да им овозможи мирно и тивко детство на неговите деца.
Актерот има изјавено дека на местото каде што живеат, неговите деца се во близина на природа, а најдоброто е што никој не го гледал како славна личност.
Шејлин Вудли
Шејлин знае колку е тешко да се заработат пари, бидејќи уште од 10-годишна возраст работела како дадилка за да има џепарлак. Таа смета дека ова имало навистина позитивно влијание врз неа:
„Како млада личност, ми помогна да се чувствувам слободно. Но, и никогаш не сум мислела дека ми требаат многу пари“.
Младата актерка најчесто троши за патувања и искуства, наместо за брендирана облека и јахти.
Ед Ширан
Пејачот е веќе познат по неговата скромност – дури и кога настапува, тој носи удобна облека како фармерки, маичка и патики. Тој дури и купува работи на распродажба.
Истовремено, Ед ретко користи автомобил и најчесто се вози со такси или метро.