„Пред и потоа“ фото споредби – Колку се променија ѕвездите од почетокот на нивната кариера?
Џиџи и Бела Хадид
Во 2014-та Џиџи веќе имаше малку искуство во светот на модата. Истиот период, сестра ѝ Бела само што ја почнуваше нејзината кариера како модел.
Лејди Гага
Познатата пејачка го издаде првиот албум во 2008-ма, а до 2009-та веќе целиот свет знаеше за неа.
Кендал Џенер
Кендал се појавуваше на црвениот тепих уште во детството, благодарение на нејзиното познато семејство. Кариерата ја започна во 2010-та, кога на 14 години го потпиша првиот договор за соработка.
Мајли Сајрус
Мајли е родена во познато семејство и уште во детството беше дел од разни проекти. Светот дозна за неа во 2006-та, кога ја имаше главната улога во серијата Hannah Montana.
Линдзи Лохан
Линдзи ја започна актерската кариера на само 12 години. Во периодот околу 2002-ра таа веќе стануваше светски позната актерка.
Ким Кардашијан
Ким ѝ беше асистентка на Парис Хилтон и тогаш не привлекуваше многу внимание. Ова се промени во 2007-ма, кога почна да се емитува реалното шоу Keeping up with the Kardashians.
Спирова С. | Црнобело