Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каде уживаат ѕвездите од „Јужен ветер“ пред снимањето на вториот дел од филмот?

Милош Биковиќ уживаше неколку дена во Хрватска пред почетокот на снимањето на Juzni vetar 2 - ubrzanje, а сега заедно со Миодраг (Бача) и Иван (Сине) се на море во Словенија, но штом екипата е собрана - наскоро може да го очекуваме вториот дел од филмот.

kade-uzhivaat-na-odmor-dzvezdite-od-juzhen-veter-pred-snimanjeto-na-vtoriot-del-01.jpg

Филмот и серијата „Јужен ветер“ поминаа одлично, а фановите со нетрпение го очекуваат вториот дел од филмот, кој моментално почнува да се снима, а се очекува премиера на почеток на 2021. 

Главните ѕвезди од филмот, Мараш (Милош Биковиќ) и Бача (Миодраг Радоњчиќ) објавија фотки од Словенија каде уживаат во море пред снимање. 

Вториот дел на филмот го најави Миодраг на неговиот Инстаграм профил, каде објави фотка со руса коса и напиша: „Можеме ли уште побрзо? Јас мислам дека можеме. Филмот Juzni vetar ubrzanje наскоро почнува со снимање“.

Биковиќ пак, од крајот на јули уживаше во убавините на Хрватска и на Инстаграм објави неколку фотки од неговиот одмор. Женските фанови не останаа рамнодушни на неговиот шарм, а најголем дел се Русинки.

Последно, Милош и Миодраг објавија заедничка фотка од Словенија со актерот Иван Михаиловиќ, кој го глумеше ликот Сине во серијата Јужен ветер, а штом екипата е собрана, изгледа снимањето на филмот веќе е започнато.

kade-uzhivaat-na-odmor-dzvezdite-od-juzhen-veter-pred-snimanjeto-na-vtoriot-del-02.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рита Ора се расплака на сцена, Зејн Малик со емотивна објава – Ѕвездите се збогуваат од Лиам Пејн Рита Ора се расплака на сцена додека пееше песна што ја издадоа со Лиам Пејн, до...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
На 7 години стекнаа популарност, ја критикуваа мајка им – Како изгледаат денес најубавите близначки ... Една нивна фотографија објавена на Инстаграм веднаш ги освои сите низ светот, а ...
Позира во танга, јаде помфрит – Џорџина го живее сонот на рајски одмор со Роналдо и децата (фото) Изгледа Роналдо „пуштил душа“, па конечно им дозволил да јадат брза храна на сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg