Пишува автобиографија и крши правила на Хвар – Дан Билзеријан ужива во летото со згодни девојки
- Детали
- среда, 15 јули 2020
Кралот на Инстаграм очигледно нема намера да стои во место дури ни во пандемија, па летово веќе посети неколку дестинации, а моментално е во Хрватска со неколку згодни девојки.
Многу години подоцна откако ја започна својата Инстаграм кариера, Дан Билзеријан не престанува со провокативните фотки од неговиот луксузен живот збогатен со голем број разголени, згодни девојки.
Неодамна тој почна да ја пишува својата автобиографија, а на Инстаграм објави фотка на која напиша дека оној што ќе го остави во коментар најдобриот предлог наслов, ќе добие 5.000 долари.
https://www.instagram.com/p/CBKwN4GlIAm/
Месецов тој го започна со уживање во Тулум, па продолжи во Тајланд, а моментално е во Хрватска каде ги истражува убавините на прекрасните острови Корчула и Хвар, а го посети и Сплит и националниот парк Крка.
https://www.instagram.com/p/CCTHKqlFuFR/
Хрватските медиуми и папараци постојано го ловат кралот на Инстаграм како ужива на својата јахта со тон згодни девојки кои се 24/7 разголени.
Тој очигледно го живее животот, но папараците забележаа дека тој крши едно правило на Хвар – таму е забрането шетање по шеталиште во шорцеви за капење без маица, но очекувано, Билзеријан го направи токму тоа.
Кралот на Инстаграм прекрши уште едно правило, со оглед на тоа што глисирање на 300 метри од брегот на Корчула е забрането, но ова не му е пречка со оглед на тоа што не се плаши од паричните казни.
39-годишниот Билзеријан во друштво на атрактивни девојки низ Јадранот:
М. М. | Црнобело