Спортски стајлинг + високи потпетици: Модна „утка“ на разгалената дива Мараја Кери (50)
- Детали
- вторник, 07 јули 2020
„Таа е една од најталентираните жени на светот“, вели бившиот сопруг за Мараја Кери, но таа е и една од најразгалените диви на светот.
Мараја Кери беше фотографирана пред зградата во која живее во Њујорк. 50-годишната пејачка, која е позната по својот раскошен вокал, но и по однесувањето на разгалена дива со милион барања, овојпат направи модна утка.
Кери облече црн спортски стајлинг, но го искомбинира со сандали на вртоглаво високи потпетици. На лицето стави заштитна маска.
Инаку, Мараја ја тужи поранешната асистентка Лијана поради недозволено снимање на приватни видеа од неа и уценување со истите и бара отштета од 5 милиони долари.
Но, Мараја вели дека не може да присуствува на рочиштата затоа што така ризикува да се зарази со корона вирус, кој можел да ѝ влијае на белите дробови и да ѝ ја уништи пејачката кариера. Типично разгалено однесување за Мараја, коментираат фановите.
Кери е мајка на 2 деца кои ги доби во бракот со Ник Канон од 2008 до 2016 година.
Прочитајте и Спа за кучиња и уште 8 работи на кои Мараја Кери ги троши милионите.
С. С. | Црнобело