Печатни грешки, непристојни зборови – Најчудните тетоважи на славните
- Детали
- четврток, 09 јули 2020
Славните често ги украсуваат нивните тела со тетоважи. Повеќето имаат истетовирано вистински ремек-дела, но голем број прават и навистина чудни тетоважи.
Во продолжение погледнете ги најчудните тетоважи што си ги направиле славните:
Рајан Гослинг се обидел сам да си направи тетоважа и сакал да нацрта канџа од чудовиште. Очигледно, брзо сфатил дека тетовирањето воопшто не е лесно, па дури и самиот изјави дека тетоважата повеќе му личи на кактус.
Околу три години после скандалот со Ријана, Крис Браун направи тетоважа на вратот на која е прикажано женско лице. Многумина сметаат дека тетоважата е контроверзна, па дури и се убедени дека тоа е лицето со модринки на Ријана. Пејачот тврди дека на тетоважата всушност има череп.
Ако ве интересираат мемињата, сигурно сте го виделе она со Џеки Чен и неговиот збунет израз. Раперот T-Pain решил да го истетовира токму тоа.
Аријана Гранде сакаше да направи тетоважа во чест на нејзината песна 7 Rings, и тоа со јапонски симболи. Но штом се пофали на интернет, фановите веднаш ѝ кажаа дека симболите не се насловот на песната, туку во превод значат „мала скара“. Аријана се обиде да ја поправи тетоважата, но оние кои разбираат јапонски велат дека повторно може да се преведе како „скара“.