Седи без градник и пушта машина за перење – Кога Ким глуми „обична“ семејна жена
- Детали
- среда, 24 јуни 2020
Прво позираше во промашенa комбинација од латекс и плетенина, а потоа се покажа во „домаќинско“ светло – мислите ли дека навистина пушта машина сама?
Ким Кардашијан е од оние славни личности кои живеат луксузен живот, а имаат помошници и дадилки за сè низ домот, но на Инстаграм со последната објава се обиде да се покаже во друго светло.
За да ја рекламира нејзината линија облека за по дома и за спиење, Ким се обиде да се претстави како секоја „обична“ жена по дома.
Без шминка и градник, во лежерна облека, таа пушта машина за перење, јаде пуканки и лежи во кревет.
Мислите ли дека ова е вистинската Ким кога никој не гледа?
Многумина ќе се согласат дека во домашно и лежерно издание изгледа многу подобро отколку во овој стајлинг:
Ким „од соседството“ или Ким во латекс - која верзија ви е подобра?
М. М. | Црнобело