Првиот албум го издаде на 12 години, победи на Евровизија – импресивната кариера на Селин Дион, низ фотки
Кога Селин ја отпеа песната за цртаниот на Дизни „Beauty and the Beast“, таа стана една од најпопуларните пејачки во САД. Песната е дует со Пибо Брисон, а освои Греми и Оскар.
На 17-ти декември 1994-та Селин се венча со Рене Анжелил – менаџерот со кој соработуваше за првиот албум. Селин е 26 години помлада од Рене, но ова не им претставувало проблем - нивниот брак беше еден од најстабилните во шоу-бизнисот.
Во 1996-та година Селин настапуваше и на Олимписките игри. Таа ја изведе „The Power of the Dream“.
Во 1997-ма Селин го издаде албумот „Let’s Talk About Love“, на кој се наоѓа нејзиниот најпознат хит – „My Heart Will Gо On“. Веќе знаете дека ова е песната за филмот „Titanic“.
Во 2000-та пејачка им соопшти на фановите дека некој период ќе се повлече од музичката сцена и ќе се фокусира на желбата да стане мајка. Таа и Рене со години се обидувале да имаат деца, но имале проблеми со неплодност. На крај, пејачката се одлучи за ин витро оплодување.