Првиот албум го издаде на 12 години, победи на Евровизија – импресивната кариера на Селин Дион, низ фотки
Во 2001-ва Селин сподели прекрасни новости – после многу обиди, таа остана бремена. Истата година го роди нејзиниот син Рене-Чарлс.
Во 2002-ра Селин изјави дека ќе има редовни настапи во Лас Вегас, во период од три години. Таа настапуваше пет ноќи во неделата и на крај имаше одржано 600 концерти. Овој подвиг само ја зголеми нејзината популарност.
Во 2010-та Селин повторно стана мајка. На 42-годишна возраст, таа ги роди близнаците Еди и Нелсон.
Во 2016-та, после долга битка со рак, сопругот на Селин почина. Во периодот кога му се влошила здравствената состојба, Селин ги откажа сите концерти за да биде со него. Рене почина на 14-ти јануари, на 73-годишна возраст.
Селин е во музичката индустрија целиот нејзин живот и сигурно ќе продолжи со тоа. Таа пишува нови песни, а планира да направи и турнеја следната година.
Покрај неверојатниот талент, во последно време доста се зборува и за стилот на Селин - пејачката не се плаши да експериментира со разни парчиња облека и ги носи можеби најукатните модни комбинации.
Погледнете некои од најинтересните:
Спирова С. | Црнобело