Првиот албум го издаде на 12 години, победи на Евровизија – импресивната кариера на Селин Дион, низ фотки
- Детали
- недела, 21 јуни 2020
Може да каже дека Селин Дион е активна во музичката индустрија уште откако се родила.
Пејачката го издаде првиот албум на само 12 години, а оттогаш има издадено 15 албуми на француски и 12 на англиски јазик.
Кариерата на Селин се протега низ неколку децении, а се чини дека ѕвездата не планира да запре.
Погледнете како се менуваше Селин Дион во текот на нејзината долга кариера:
Селин го издаде нејзиниот прв албум на 12-годишна возраст. Таа снимала песна и ја испратила на менаџерот Рене Анжелил, кој веднаш го забележал нејзиниот талент. Набрзо потоа Селин го издаде деби албумот, насловен „La Voix du bon Dieu“.
Брзо се расчуло за талентот на Селин, па до 18-годишна возраст, таа веќе издала девет албуми на француски јазик.
Во 1988-ма Селин Сион ја претставуваше Швајцарија на Евровизија, каде што и победи.
„Тоа беше навистина чудна авантура за мене. Бев во Монтреал, каде што живеев, и ми рекоа да одам во Ирска и да ја претставувам Швајцарија на Евровизија. Не ми беше јасно зошто“, изјави пејачката во 2013-та.
Во 1990-та, Селин почна да се прославува и во други држави. Поради тоа, пејачката одлучила да издаде албум на англиски јазик. Истата година таа го издаде „Unison“, на кој се наоѓа нејзиниот популарен сингл „Where Does My Heart Beat Now“.