Актерот не е фан на моногамијата - Зошто Брус Вилис и Деми Мур се разделија по 13 години брак?
- Детали
- вторник, 16 јуни 2020
Деми Мур и Брус Вилис ја започнаа нивната врска во 80-тите, а само неколку месеци подоцна стапија и во брак.
Тие беа еден од најпопуларните холивудски парови, но на големо разочарување на фановите, по 13 години брак се разделија. Иако навидум нивната врска беше совршена, зад затворени врати ситуацијата била многу поразлична.
По разделбата и двајцата актери најдоа нова љубов, а најинтересно е што поради нивните деца, тие се во добри односи и денес. Всушност, Брус помина поголем дел од карантинот со бившата Деми и нивните деца.
Во продолжение погледнете што се случувало помеѓу Брус и Деми и кои се причините за нивната разделба:
Развод по 13 години брак
Во 1987-ма, Брус и Деми го кажаа судбоносното „Да“, а во текот на годините добија три деца. Првата ќерка, Румер Вилис, се роди во 1988, а ќерките Скаут и Талула се родија во 1991 и 1994.
Погледнете како изгледаат нивните ќерки денес.
Кратко по прославувањето на 10-тата годишнина, во 1997 холивудските ѕвезди ѝ соопштија на јавноста дека ќе се разделуваат.
Во 2000-та актерите официјално се разведоа и иако разводот не бил воопшто лесен, актерите дале сè од себе за нивните деца да не го почувствуваат лошото влијание.
Често биле разделени
Иако на сите важни настани се појавуваа заедно, изгледа Брус и Деми ретко наоѓале време еден за друг.
Во периодот кога беа заедно, Брус го освојуваше Холивуд благодарение на улогата во Die Hard, а Деми Мур беше најплатената холивудска актерка.
И двајцата имаа полни раце работа, па речиси воопшто не минувале време заедно.
Со години имале проблеми
Проблемите на Деми и Брус почнале долго пред 1997-ма. Според изворите, врската почнала да се распаѓа неколку години претходно.
Ниту Деми ниту Брус немаат прозборено за тоа колку време биле разделени пред разводот, но јасно е дека ситуацијата станувала сè полоша.
Преголем притисок од медиумите
Кога сте најпопуларниот пар во светот, нормално е медиумите да го следат секој ваш чекор. Но, ова им предизвикало многу проблеми на актерите.
Потенцијалните скандали, гласините за неверства и што уште не биле премногу за врската на Деми и Брус.