Се отследија на Инстаграм, Северина објави „лажна“ фотка: 8 сигнали дека Северина и Игор Којиќ се пред развод
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2020
Дали по 5 години брак дојде крај на нивната љубов? Кои настани сигнализираат дека љубовта на Северина и Игор Којиќ е готова?
Веќе неколку месеци кружат гласини дека во бракот на Северина и Игор Којиќ не цветаат рози, иако таа во април објави заедничка фотографија со која одбележа 5 години љубов и среќен брак.
https://www.instagram.com/p/B-bh9DxhALM/
Уште во февруари месец српските медиуми открија дека Северина лаже дека минува среќни мигови со семејството на Којиќ, кога таа објави фотографија како е со нив на ручек.
Според ресторанот и стајлингот на мајката на Игор се гледа дека станува збор за стара фотографија од нејзиниот роденден во септември 2018 година, од кој Игор има фотка на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B8q8c1RBRX_/
https://www.instagram.com/p/Bnlw_8JF92J/
Игор Којиќ периодов е во Србија, а Северина повеќе не е во неговиот семеен дом, туку времето го минува сама во Хрватска.
https://www.instagram.com/p/CAXcKSJDOzj/
Тие не следеа никој друг на Инстаграм туку само еден со друг, а сега се отследија и двајцата. Наместо по 1, следат 0 луѓе.