Славни парови кои веруваат дека спиењето во посебни кревети е добро за љубовта
- Детали
- петок, 05 јуни 2020
Славните парови имаат чудни навики со кои ја одржуваат љубовта, а последниве години на листата на повеќето се најде „разводот при спиење,“ односно спиењето во одвоени кревети.
Кои парови веруваат дека спиењето одвоен може да го подобри сонот, па дури и сексуалниот живот?
Ким и Канје Вест
Како што се наведува во повеќе изјави, парот во новиот дом спие во одвоени кревети. Причината за тоа е што Ким мора да станува навечер по децата, додека Канје има работни обврски и неопходен му е сон.
„Ким и Канје можеби живеат во иста куќа, но има денови кога не се ни гледаат,“ велат изворите блиски до парот.
Доналд и Меланија Трамп
Како што се чини, и претседателот и првата дама на САД сакаат да спијат одвоено. Во Белата куќа имаат посебни спални соби и никогаш не ја поминуваат ноќта заедно.
Кралицата Елизабета и принцот Филип
Во Англија, паровите кои се дел од високото друштво, секогаш спијат во одделни спални соби, за да не бидат вознемирувани од звуците и навиките во сон на партнерот.
Инаку, пред да се разделат, ова „правило“ го практикувале и Кортни Кардашијан и Скот Дисик, како и Том Круз и Кејти Холмс.
Какво е вашето мислење на оваа тема?
М. Д. | Црнобело