Роберт Де Ниро и Ал Пачино - повеќе од 50 години: Холивудски пријателства кои траат со децении
Џејда Пинкет Смит и Квин Латифа, пријателки од 1987-ма
Овие две жени се познаваат уште од тинејџерските години. Се запознале во една дискотека, каде што тогаш 17-годишната Квин Латифа ималa настап. Џејда била воодушевена од изведбата и едвај чекала да ја запознае.
Џенифер Лопез и Леа Ремини, пријателки од 2004-та
Џеј Ло и Леа заедно се појавуваат во „Second Act“, но тие се познаваат долго пред снимањето на филмот. Наводно, Марк Aнтони ги запознал во 2004-та, на една филмска премиера.
„Тогаш се вљубивме една во друга. Тоа беше еден од оние моменти каде што веднаш си помислувате ’Ја сакам оваа личност. Сакам да се дружам со неа. Оваа личност знае да ме насмее‘. Прекрасна е и имаме многу сличности“, има изјавено Џеј Ло за нејзината пријателка.
Ал Пачино и Роберт Де Ниро, пријатели од 1960-тите
Ова е дефинитивно едно од најдолгите пријателства во Холивуд. Актерите првпат се запознале во доцните 60-ти, кога и двајцата беа на почетокот од кариерата.
Кога го прашаа Ал Пачино за нивната прва средба, тој изјави:
„Многу добро се сеќавам на средбата. Го видов ова момче и си помислив дека има неверојатна харизма. Не правеше ништо. Само зборуваше. Но се чувствуваше нешто од него“.
Интересно е што двајцата многупати се натпреварувале за иста улога, но ова никогаш не им го разнишало пријателството.
Џастин Тимберлејк и Рајан Гослинг, пријатели од 90-тите
Џастин и Рајан се запознале на почетокот на 90-тите, кога и двајцата беа дел од The Mickey Mouse Club. Рајан дури и живеел кај семејството на Џастин некој период, поради проблеми со државјанството.
Леонардо ди Каприо и Тоби Мегваер, пријатели од 80-тите
Познатите актери се запознале кон крајот на 80-тите, кога заедно оделе на аудиции.
„Откако го запознав Тоби на аудиција, веднаш помислив дека сакам да ми биде пријател“, се присетува Леонардо.
Спирова С. | Црнобело