Роберт Де Ниро и Ал Пачино - повеќе од 50 години: Холивудски пријателства кои траат со децении

Многумина сметаат дека холивудските врски, без разлика дали пријателски или романтични, не траат долго.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-01.jpg

Сепак, најчесто слушаме за славните парови кои се разделиле, или славните пријатели кои повеќе не зборуваат едни со други.

Но и на ѕвездите им се потребни пријатели, а некои од холивудските пријателства траат со децении.

Погледнете дел од најдолгите пријателства во Холивуд:

Тори Спелинг и Џени Гарт, пријателки од 1990-та

Тори и Џени се запознаа на снимањето на „Beverly Hills, 90210“ во 1990-та. Оттогаш, актерките се неразделни – секогаш се поддржуваат, минуваат многу време заедно, но работат и на заеднички проекти.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-02.jpg

Лив Тајлер и Алисија Силверстон, пријателки од 1994-та

Во 1994-та, Лив и Алисија се појавија во музичкиот спот на „Crazy“ од Aerosmith и веднаш се спријателиле.

Години подоцна, тие сè уште наоѓаат време една за друга.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-03.jpg

Рис Витерспун и Кејт Хадсон, пријателки од 1991-ва

Актерките првпат се запознаа на премиерата на „The Man in The Moon“ во 1991-ва година и нивното пријателство трае веќе три децении.

Рис дури има изјавено дека мајката на Кејт, Голди Хоун, била нејзиниот идол кога ја почнала актерската кариера.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-04.jpg

Никол Кидман и Расел Кроу, пријатели од 1992-ра

Никол и Расел се запознале во 1992-ра, на забава во домот на Наоми Вотс. Тој период актерката беше во брак со Том Круз, па тројцата веднаш се спријателиле:

„Таа го донесе Том каде што седев. Неверојатно беше што зборував со најголемата филмска ѕвезда тој период, а неговата сопруга му кажувала за моите филмови, па тој ми поставуваше прашања мене, а не обратно. Беше неверојатно искуство и оттогаш сме пријатели“, има изјавено Расел за првата средба.

holivudski-prijatelstva-koi-traat-so-decenii-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg