Кети Пери го покажа трудничкото стомаче во новиот музички спот снимен среде пандемија
- Детали
- петок, 15 мај 2020
Кети Пери објави нова песна насловена Daisies, која ќе биде дел од нејзиниот нов студиски албум.
Пејачката го најави музичкиот спот со фотографии од трудничкото стомаче и изгледа подобро од кога било.
Видеото за песната беше објавено денес, а во него се појавува 35-годишната пејачка во прекрасен бел фустан. Интересно е што спотот бил снимен на дистанца, поради новонастанатата ситуација.
Новиот албум на Кети се очекува овој август, а неодамна пејачката изјави дека летово ќе се случуваат многу нешта и, покрај породувањето, фановите можат да очекуваат и нова музика.
Кратко по објавувањето на спотот, Кети сподели уште една објава на Instagram:
„Ја напишав оваа песна пред неколку месеци како апел да останете истрајни на патот што сте го одбрале, без разлика што мислат другите. Неодамна, ова доби ново значење за мене. Секој од нас е еден во над 7 милијарди, со своја приказна за раскажување. Daisies е објавена. Се надевам ќе биде песна која ќе ве натера да ги следите соништата... особено оние коишто сте ги заборавиле.“
Претходно, пејачката ги соопшти вестите за бременоста со спотот за Never Wоrn White.
Спирова С. | Црнобело