Претсмртни зборови, љубов: Приказните што се кријат зад тетоважите на ѕвездите
- Детали
- недела, 24 мај 2020
Популарноста на тетоважите само се зголемува, па денес голем број луѓе го украсуваат своето тело со нив. Се разбира, овде спаѓаат и познатите.
Додека најчесто луѓето тетовираат некоја слика, мотив или симбол што им се допаѓа, постојат и тетоважи кои кријат цела приказна.
Некои од најпрепознатливите тетоважи на славните имаат некаква симболика и зад нив има навистина моќни приказни.
Погледнете кое е значењето на неколку вакви тетоважи на славните:
Ријана – во чест на нејзината баба
Никој не остана рамнодушен на тетоважата од египетската божица Изида, што Ријана ја направи во 2012-та. Наводно, тетоважата ја направила во чест на нејзината почината баба.
Аријана Гранде – во чест на жртвите од Манчестер
Веројатно се сеќавате на нападот во арената Манчестер од 2017-та, кој се случи за време на концерт на Аријана. Во нападот загинаа 22 луѓе, помеѓу кои имаше и деца, а во нивна чест, Аријана истетовира мала пчела зад увото. Пчелите се симбол на Манчестер.
Ванеса Хаџенс – во чест на слатко сеќавање
Првата тетоважа на Ванеса е пеперутка на вратот, а нејзината симболика е навистина слатка. Наводно, една недела пред да се роди актерката, на стомакот на нејзината мајка слетала пеперутка. Актерката и така го добила нејзиното име – vanessa е латинското име на еден вид пеперутки.
Кевин Џонас – во чест на љубовта кон неговата сопруга
Кевин ја истетовира својата сопруга на неговата рака, а искористил фотографија од спот на неговиот бенд. Пејачот откри дека бил горд на она што се случува во неговиот живот, а многу ми било драго што покрај себе ја имал и неговата сопруга.