Како лицето на Адел има толку волумен и по губењето 45 kg – дали „подлегна“ на козметичко разубавување?
- Детали
- петок, 08 мај 2020
Адел драстично го промени својот изглед, но ова не важи само за нејзиното тело. Имено, дури и лицето на пејачката изгледа непрепознатливо.
Еден експерт за естетика смета дека според промените што ги забележал, голема е веројатноста пејачката да направила и суптилно козметичко разубавување.
Доктор Чике Емеаги објаснува дека после такво слабеење, очекувано е Адел да има многу повеќе опуштена кожа. Нo, бидејќи пејачката ги задржала волуменот на образите и дефинираната вилица, голема е веројатноста да употребила дермални филери.
Тој тврди дека после слабеење, луѓето на возраст на Адел често правеле третмани за справување со вишокот кожа и губењето волумен на лицето.
„Можно е да има користено и напредна ласерска терапија за затегнување на кожата, или радио-фреквенции за стимулирање на производството на колаген“, вели докторот.
Според него, овие третмани можат да се користат за очите, вилицата, вратот и рацете.
Доктор Луси Гленси, пак, забележала дека Адел сега има малку повисоки веѓи и малку пошироки очи, што може да биде знак за употреба на ботокс.
„Нејзината вилица изгледа поостро и позатегнато, што е невообичаено со такво драстично слабеење. Па, верувам дека направила комбинација од ботокс и филери на долната вилица“, вели доктор Луси.
Истовремено, нејзината кожа изгледала премногу затегнато и мазно за некој на нејзина возраст, кој ослабел толку многу.
Докторката се сомнева и дека Адел има користено филери за нејзините усни, и тоа неколку години по ред.
Уште еден експерт го изнесе своето мислење – доктор Дејвид Џек вели дека драстичното слабеење секогаш е најзабележливо на лицето. Наводно, опуштената кожа многу повеќе се познавала на лицето, отколку на кој било друг дел од телото.
„Според нејзините фотографии, на лицето на Адел не се гледа ова. Можеби станува збор само за добри гени, но можно е и да има направено третман за затегнување на кожата.“
Што мислите вие? Дали и Адел почнала со козметичко разубавување, или сепак само има добри гени?
Спирова С. | Црнобело