Џон Леџенд даде 10$ на бездомник, Криси ги храни децата со тон бонбони – Што прави парот периодов?
- Детали
- понеделник, 27 април 2020
Пред неколку дена си купија куќа од 5 милиони долари во Лос Анџелес, Џон Леџенд беше забележан како дава 10 долари на бездомник, а Криси води борба со децата дома – што прави познатиот пар периодов?
Џон Леџенд и Криси Тајген се пар кој отворено си го прикажува животот и секојдневието во јавноста, па моделот постојано споделува видеа од домот.
Последно, таа објави видео во кое ја откри магичната фиока во кујна, во која се кријат „тон“ гумени бонбони и слатки. Во видеото таа прави мал неред, па наместо по едно, децата сами си се послужуваат со омилените задоволства, а откри и дека се обидува да не пцуе пред нив, но некогаш е невозможно...
I try so hard not to swear around them but it’s so harddddddd. I’m getting so much better though pic.twitter.com/j8W3iYMA5o
— chrissy teigen (@chrissyteigen) April 27, 2020
Криси исто така е позната и по тоа што не молчи на туѓите критики и често знае да влезе во кавга со квази фановите или едноставно да им ги „затвори“ устите со коментар.
Па така, на оние кои го критикуваат нејзиното коцкаско тело на видео од неа во бикини, таа им порача:
„Цел живот имам коцкасто тело и ме донесе прилично далеку. Не грижете се, се исплати на многу начини!“
don’t get too trapped pic.twitter.com/bLp3dlHzIg
-->— chrissy teigen (@chrissyteigen) April 26, 2020
Инаку, Џон и Криси минатата недела си го збогатија недвижното портфолио со уште една палата во Лос Анџелес.
Куќата има 4 спални и бањи, уредена е со природен и модерен стил, а во дворот има и базен – истата чини 5 милиони долари.
Нив очигледно кризата не ги погоди, а Џон ја покажа и својата дарежливост, па беше уловен како на бездомник му дава 10 долари, откако извади пари од банкомат.
М. М. | Црнобело