Каква казна доби Северина по апсењето откако го прекрши полицискиот час?
- Детали
- четврток, 16 април 2020
Апсењето на познатата пејачка е доказ дека во Србија казните важат за сите подеднакво.
Хрватската пејачка Северина Којиќ вчера околу 21 часот била приведена бидејќи во Белград излегла со својот автомобил и го прекршила полицискиот час.
Таа била приведена од страна на српската полиција ѝ добила казна од 50.000 динари (околу 26.000 денари), која веднаш ја платила.
Инаку казните во Србија за прекршување на полицискиот час се движат од 50.000 до 150.000 динари.
Наводно, Северина ги менувала исказите и прво кажала дека тргнала кон аптека, потоа дека излегла да го препаркира автомобилот, а некои српски медиуми тврдат дека имала кавга со сопругот Игор Којиќ и излегла на воздух.
Што од ова се шпекулации, а што вистина останува да видиме, но добро е што законот важи подеднакво за сите.
Недозволиво е да се прекршува полицискиот час и казните треба да важат за секој.