16 години подоцна - како изгледа убавата Руби денес? (фото)
- Детали
- вторник, 17 март 2020
Пред цели 16 години уживавме секојдневно во авантурите на убавата Руби во истоимената серија. Улогата на Руби ја имаше Барбара Мори – мексиканска актерка родена во Уругвај.
Ја памтиме како заводлива бринета со брановидна коса, изразени облини и светли очи.
Барбара Мори со неполни 30 години се најде во тешка животна фаза. Се бореше со рак на градите и излезе како победник од оваа битка. Таа денес има 42 години.
Нејзиниот син Серхио Мајер Мори (22) има ќерка, а Барбара е пресреќна баба.
„Од некоја причина, Бог ме стави на тест, но јас го положив успешно. Се изборив со страшната болест, го победив ракот и продолжувам понатаму“.
Барбара е речиси непроменета за овие 16 години.
Е. П. | Црнобело