Алкохол, дрога: Кои познати личности ги наследија пороците од своите блиски?

Деми Мур вели дека не сака да се сеќава на своето мрачно детство, но сепак и таа на миг подлегна на лошите навики.

alkohol-droga-koi-poznati-lichnosti-gi-nasledija-porocite-od-svoite-bliski-01.jpg

Семејната традиција е убава работа, но не и кога се наследуваат некои мрачни навики.

Многу познати личности ги наследија пороците на своите родители или ги стекнаа од своите партнери и за жал дел им ги пренесоа на своите деца.

Кога лошите навики се пренесуваат од генерација на генерација:

Роберт Дауни Џуниор

Зависноста од дрога не го спречи да биде брилијантен во низа филмски улоги, но потоа приватниот живот му настрада и беше дел од низа скандали со хероин, кокаин, оружје, а беше осуден и на казна затвор.

Актерот ја наследи слабоста кон пороците од неговиот татко, а пред неколку години и синот на Роберт Дауни беше уапсен за поседување на кокаин.

alkohol-droga-koi-poznati-lichnosti-gi-nasledija-porocite-od-svoite-bliski-02.jpg

Витни Хјустон

Витни Хјустон била добро и убаво воспитано дете, но нејзиниот сопруг Боби Браун е виновен за будењето на нејзината мрачна страна. Скандалозниот брак направи нејзината ќерка да има тешко детство и веќе на 18 години да биде зависна од дрога.

Нејзината ќерка Боби Кристина Браун имаше трагична судбина кога 3 години по смртта на мајка си падна во кома од предозирање и не успеаја да ја спасат.

alkohol-droga-koi-poznati-lichnosti-gi-nasledija-porocite-od-svoite-bliski-03.jpg

Бен Афлек

Борбата со зависноста од дрога и алкохол за актерот започна во 2001 година. Многу години неговата сопруга Џенифер Гарнер  му помагаше во борбата, но нивниот брак не успеа да опстои.

Инаку и таткото и дедото на Афлек имале проблеми со зависноста од алкохол.

alkohol-droga-koi-poznati-lichnosti-gi-nasledija-porocite-od-svoite-bliski-04.jpg

Деми Мур

Актерката ја израснале нејзината мајка и очувот, но таа вели дека не сака да се сеќава на детството. Тие постојано пиеле, се карале и завршувале во затвор.

Откако се омажи со рокерот Фреди Мур и Деми имаше проблем со зависноста од дрога, но успеа да се ослободи од лошата навика поради стравот таа да не ѝ ја уништи кариерата.

Но, имаше гласини дека и ќерките на Деми од бракот со актерот Брус Вилис биле на третмани за одвикнување од дрога и алкохол.

alkohol-droga-koi-poznati-lichnosti-gi-nasledija-porocite-od-svoite-bliski-05.jpg

Еминем

Фановите на раперот знаат дека голем дел од неговата работа е базирана на спомените за тешкото детство и проблемите со неговата мајка Деби Нелсон. Во песните Еминем често ги опишува нејзините проблеми со дрогата и алкохолот.

За жал, и тој стана зависен од дрога. Сега тврди дека е чист и искрено говори дека во периодот кога бил навлечен на дрога воопшто не растел како личност.

alkohol-droga-koi-poznati-lichnosti-gi-nasledija-porocite-od-svoite-bliski-06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 познати дами кои изгледаат како да го имаат еликсирот за вечна младост  Рис Витерспун на 48 години изгледа како девојка во 30-тите години, Калиопи на 57...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Кои познати личности имаат браќа и сестри близнаци (и како изгледаат тие)? Вин Дизел, Ештон Кучер, Скарлет Јохансон... Кои познати личности имаат браќа и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg