Познати парови кои имаат милиони, но сепак направија скромна венчавка

Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Уште на почетокот на врската, Меган и Брајан покажаа дека не планираат да ги исполнуваат условите за типична холивудска врска.

Истото го направија и со нивната венчавка.

Парот се венчаше во 2010-та на скромна, но прекрасна церемонија на плажа. Единствениот гостин беше синот на Брајан кој тогаш имаше 8 години.

poznati-koi-imaat-milioni-no-sepak-napravija-skromni-venchavki-09.JPG

Анџелина Џоли и Бред Пит

После долгата врска, фановите едвај ја дочекаа свадбата на Анџелина и Бред и сите се надеваа на голем настан.

Но, на големо изненадување на сите, актерите се венчаа во близина на нивниот дом и се верува дека целата свадба ги чинела 4.000 долари.

poznati-koi-imaat-milioni-no-sepak-napravija-skromni-venchavki-10.JPG

Џон Бон Џови и Доротеа Харли

Кога познатиот рокер го доживуваше врвот на кариерата во 1989-та, тој и неговата девојка од средно се венчаа во Вегас.

Многу луѓе сметале дека Џон погрешил со овој потег, но парот е заедно веќе 30 години и изгледаат пресреќно.

poznati-koi-imaat-milioni-no-sepak-napravija-skromni-venchavki-11.JPG

Бритни Спирс и Џејсон Александар

Бритни и Џејсон беа во брак само 55 часа, па јасно е зошто не правеле свадба.

Една вечер додека биле во Вегас, веројатно испиле повеќе и се венчале во тамошна црква.

poznati-koi-imaat-milioni-no-sepak-napravija-skromni-venchavki-12.JPG

Кристен Бел и Декс Шепард

Кристен и Декс почнаа да се гледаат во 2007-ма, а не им требаше долго да сфатат дека се еден за друг.

Но, и двајцата се залагаат за легализирање на истополовите бракови, па одлучија да не се венчаат сè додека не се случи тоа во Калифорнија.

Штом забраната беше тргната, Кристен и Декс се венчаа на многу мала церемонија.

poznati-koi-imaat-milioni-no-sepak-napravija-skromni-venchavki-13.JPG

Џесика Алба и Кеш Ворен

Коосновачот на The Honest Company и познатата актерка се во одлична финансиска состојба.

Но, очигледно ни двајцата не сакаат непотребно да трошат на голема прослава, па во 2008-ма се венчаа во судница во Беверли Хилс.

poznati-koi-imaat-milioni-no-sepak-napravija-skromni-venchavki-14.JPG

Били Боб Торнтон и Анџелина Џоли

Кога ќе земете предвид дека Анџелина се наоѓа двапати на листава, станува очигледно дека не е фан на големите свадби.

Овој пар е уште еден што се венчаше во црква во Лас Вегас, а на церемонијата Анџелина носеше фармерки.

poznati-koi-imaat-milioni-no-sepak-napravija-skromni-venchavki-15.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Бредли Купер брза да ја земе ќерката на која ѝ се слошило, Џеј Ло ја држи мајка ѝ за рака: Фото-дока... Бредли Купер мораше да ја напушти прес конференцијата за најновиот филм „Maestro...
Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото) Познатиот режисер Таикa Ваитити се држеше во сенка на славната сопруга Рита Ора,...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg