Ѕвезди кои децата си ги растат како вегани
- Детали
- четврток, 27 февруари 2020
Веганството може да биде побудено од повеќе причини, но најчесто луѓето се одлучуваат за веганска исхрана поради здравствени причини или заштита на животните.
Сепак, некои ѕвезди одат до таму што решаваат и децата од мали нозе да ги научат да се хранат само со растителни продукти.
Кои славни родители ги растеле или растат децата како вегани?
Мадона
Мајка е на 6 деца, од кои дел се биолошки дел посвоени, но сите без исклучок ја следат нејзината веганска исхрана.
Кери Андервуд
Кери е веган од раните тинејџерски години, па се обидува и нејзиното потомство да го научи на исхрана која не ги повредува животните.
Џена Деван
Џена вели дека е веган од нејзина 10-годишна возраст, а и ќеркичката ја учи да се навикне на исхрана без храна со животинско потекло.
Натали Портман
Мајка е на две дечиња и вели дека нејзината борба за правата на животните се обидува да им ја пренесе и на нив. Верува дека можеме да останеме сити и без да ја уништиме планетата.
М. Д. | Црнобело