Енрике Иглесијас и Ана Курникова го добија третото дете – Хулио ја откри веста
- Детали
- вторник, 11 февруари 2020
Братот на Енрике, Хулио Јуниор Иглесијас ја откри веста дека повторно станал чичко – Ана Курникова го родила третото дете.
Минатиот месец, папарацо фотки ја открија бременоста на Ана Курникова со трето дете, додека уживаа во брод со Енрике.
Во интервју за радио станица од Чиле, братот на Енрике ја откри веста дека нивното трето дете веќе се родило.
Во краткиот разговор тој вели дека повторно станал чичко и дека третото дете на Енрике и Ана се родило, но за полот, вели дека е тајна.
Енрике и Ана се родители на близнаците Николас и Луси кои се родија во 2017-та година, а со оглед на тоа што се мистериозен пар, сигурно ќе почекаме до првите фотки од третото дете.
М. М. | Црнобело