Држела специјална диета со кафе, супа и 80 цигари дневно за да биде слаба – трагичниот живот на Џуди Гарланд

Еден од интересните оскаровски факти оваа година е што Рене Зелвегер е номинирана за главна женска улога во филмот Judy, но самиот филм не е во категоријата на најдобри филмски остварувања. 

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland-01.jpg

Сепак, тоа не го прави помалку добар. Рене е една од главните фаворити за Оскар, убедливо портретирајќи ја Џуди Гарланд, една од најголемите холивудски ѕвезди на минатата ера.

drzela-specijalna-dieta-so-kafe-supa-i-80-cigari-dnevno-za-da-bide-slaba-tragicniot-zivot-na-dzudi-garland-002.jpg

По некое правило, Џуди Гарланд требало да биде богата жена која ќе доживее длабока, мирна старост. Таа ја добила главната улога глумејќи ја филмската миленичка Дороти Гејл на 16-годишна возраст во класикот Волшебникот од Оз во 1939 година.

Девојчето со глас на зрела жена ги стопило срцата на сите, како публиката, така и критичарите. Сите биле вљубени во Дороти, но ретко кој ја забележувал Џуди Гарланд.

Во текот на ’60-тите години, Гарланд веќе била во петтата декада од животот, речиси бездомник, должна илјадници долари на даночните служби.

Заработувала одвај 100 долари од вечер настапувајќи во ноќни клубови, понекогаш со своите деца. Била самоубиствено настроена и страдала од многубројни здравствени проблеми.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (5).jpg

Многумина ќе се запрашаат како се случило ова? Вистината е дека животот на Џуди Гарланд не бил нималку лесен, а патот до дома сигурно не вклучувал едноставно потчукнување на црвените потпетици.

Нејзиниот живот бил целосно управуван од холивудската сурова машинерија и слободно може да констатираме дека тоа е она што ја уништило. „Дали знаете колку е тешко да се биде Џуди Гарланд? И да живеам сама со себе?“ ќе изјави ѕвездата во едно интервју во 1967 година.

Филмот Judy ја прикажува последната серија распродадени настапи на Гарланд во Лондон, во клубот Talk of the Town во текот на 1969 година. Само неколку месеци подоцна, Џуди починала од предозирање со опијати, на само 47-годишна возраст.

Потекнувала од „растурен“ дом

На 10 јуни, 1922 година се родила Френсис Етел Гам во Гранд Рапидс, Мичиген. Таа била надарена уште од најмала возраст. За првпат се качила на сцената кога имала само две и пол години.

Нејзиниот татко Френк имал афери со мажи. Откако со мајка ѝ заминале во Калифорнија кога девојчето имало само 4 години, Етел (нејзината мајка) ја презела контролата на талентираната ќерка во свои раце.

Таа била првата којашто ја навлекла Френсис на апчиња за слабеење на само 10-годишна возраст: амфетамини наутро и апчиња за спиење навечер.

Во 1934 година сестрите Гам се „ребрендирале“ менувајќи го презимето во Гарланд. Френсис за себе го одбрала името Џуди според популарна поп песна.

Од сите сестри, Џуди се издвојувала поради прекрасниот, неверојатен глас – глас на возрасна жена во тело на девојче.

Кога имала само 13 години, Гарланд потпишала договор со продуцентската куќа MGM, едно од најпрестижните филмски студија. Договорот бил во времетраење од 7 години, а Џуди заработувала по 100 долари неделно, што за време на „Големата депресија“ претставувало вистинско богатство.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (4).jpg

Мало девојче со возрасни проблеми

Непосредно по потпишувањето на договорот, таткото на Џуди починал, па сета контрола преминала во рацете на мајка ѝ. Таа ќе ја нарече подоцна „Вистинската вештерка од западот“.

Џуди морала да се адаптира на невозможен распоред за време на филмските сетови. Неретко снимала 2 до 3 филмови истовремено.

Покрај школските часови и часовите по пеење следувале напорни снимања кои завршувале во 5 часот наутро. Таа „преживувала“ со помош на таблети за слабеење, целосно зависна од нив кога наполнила 15 години.

Кога ја добила главната улога во Волшебникот од Оз (првично планирана за Ширли Темпл), студиото морало да направи сè што е во негова моќ Џуди да изгледа помладо.

Ѝ рекле дека е дебела и дека мора да ослаби. Нејзината диета се состоела од пилешка супа, црно кафе, 80 цигари, таблети за слабеење и амфетамини.

Половината ѝ била постојано стегната со корсет за да изгледа потенка, а носот ѝ бил направен да изгледа потенок со помош на протетика.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (1).jpg

Била психички и физички малтретирана како девојка

Некои од најголемите холивудски моќници ѝ нуделе секс на Џуди или пак непристојно ја допирале. Според нејзиниот трет сопруг, дел од филмската екипа на Волшебникот од Оз ѝ го правел животот мизерен, насилно ставајќи ги нивните раце под фустанот на Џуди.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (6).jpg

Џуди се омажила 5 пати

Првиот брак на Џуди бил практично крик за слобода. Се омажила на само 19 години во 1941 година за 30-годишниот композитор Дејвид Роуз.

Во 1945 година се омажила за режисерот Винсент Минели со кого ја имале ќерката Лајза Минели. Се развеле во 1951 година бидејќи Винсент имал афера со друг маж.

Од третиот брак со Сидни Луфт, Џуди имала 2 деца. Нејзиниот четврти маж бил хомосексуалец, актерот Марк Херон кој бил особено насилен со неа и ја малтретирал.

Гарланд го запознала својот последен сопруг Мики Динс додека ѝ носел опијати. Само неколку месеци откако се венчале, таа починала.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (2).jpg

Се борела со зависности, анксиозност и здравствени проблеми

Хепатит, исцрпеност, откажување на бубрезите, нервни растројства, фатални последици од употреба на дрога, нагло зголемување и симнување на телесната тежина… се само дел од проблемите со кои се соочувала Гарланд. 

На моменти се однесувала прилично параноично за време на снимањата, подготвена во секој момент да доживее нервен слом.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (3).jpg

Сосила ја натерале да абортира

Кога забременила на 19 години, Роуз и Етел ја натерале да го абортира детето инсистирајќи дека тоа ќе го наруши нејзиниот имиџ. Ова воопшто не било невообичаена пракса.

Бет Дејвис и Ава Гарднер исто така морале да абортираат со цел да го одржат имиџот. Џуди абортирала и подоцна, принудена од страна на нејзиниот трет сопруг Сидни.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (7).jpg

Трагичен крај

Нејзиниот последен настап бил на 25 март, 1696 година во Копенхаген. Починала неколку месеци подоцна во нејзиниот дом во Лондон, како резултат од случајно предозирање со опијати. Џуди имала само 46 години.

Оваа трагична приказна на големата ѕвезда уште еднаш се потврдува со познатата изрека на Мерилин Монро: „Холивуд е место каде што ќе ти платат илјадници долари за бакнеж и 50 центи за твојата душа“.

Tragicniot-zivot-na-Dzudi-Garland (8).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg