Познати парови кои одбиваат да се венчаат, и покрај тоа што имаат деца

Роуз Бирн и Боби Канавале (2 деца)

Роуз и Боби се заедно веќе 7 години и ги имаат синовите Рафа и Роко.

Интересно е што Роуз честопати го нарекува Боби нејзин сопруг, но парот никогаш не се венчал официјално.

poznati-parovi-koi-odbivaat-da-se-venchaat-i-pokraj-toa-shto-imaat-deca-06.jpg

Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон-Вајтли (1 дете)

Џејсон и Роузи беа заедно веќе 6 години, пред да ја најават свршувачката во 2016-та. Во 2017-та, пак, го добија нивниот прв син.

Иако ја направија веридбата, изгледа дека на Џејсон и Роузи не им се брза со свадба.

poznati-parovi-koi-odbivaat-da-se-venchaat-i-pokraj-toa-shto-imaat-deca-07.jpg

Оливија Вајлд и Џејсон Судејкис (2 деца)

Актерите ја започнаа врската во 2011-та, а ги споделија новостите за свршувачката во 2013-та.

На големо изненадување на нивните фанови, свршувачката никогаш не се претвори во свадба.

Сепак, парот има две деца - син роден во 2014-та и ќерка родена во 2016-та.

poznati-parovi-koi-odbivaat-da-se-venchaat-i-pokraj-toa-shto-imaat-deca-08.jpg

Голди Хоун и Курт Расел (3 деца)

Голди и Курт се еден од најстарите холивудски парови кои до денес не се венчале.

Заедно се уште од снимањето на филмот „Swing Shift“, кој излезе во далечната 1984-та. Тие имаат едно заедничко дете – Вајат Расел, а двајцата имаат по едно дете од претходните врски.

poznati-parovi-koi-odbivaat-da-se-venchaat-i-pokraj-toa-shto-imaat-deca-09.jpg

Кирстен Данст и Џеси Племонс (1 дете)

Откако се појавија во серијата „Fargo“ во која глумеа брачен пар, Кирстен и Џеси решија да започнат врска и во реалноста.

Во мај 2018-та, тие го добија нивниот прв син – Енис Хауард Племонс.

Во 2018-та се верија и иако постојат гласини дека можеби се венчале во тајност, тие никогаш го немаат потврдено тоа. 

poznati-parovi-koi-odbivaat-da-se-venchaat-i-pokraj-toa-shto-imaat-deca-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg