Познати парови кои одбиваат да се венчаат, и покрај тоа што имаат деца
Роуз Бирн и Боби Канавале (2 деца)
Роуз и Боби се заедно веќе 7 години и ги имаат синовите Рафа и Роко.
Интересно е што Роуз честопати го нарекува Боби нејзин сопруг, но парот никогаш не се венчал официјално.
Џејсон Стејтам и Роузи Хантингтон-Вајтли (1 дете)
Џејсон и Роузи беа заедно веќе 6 години, пред да ја најават свршувачката во 2016-та. Во 2017-та, пак, го добија нивниот прв син.
Иако ја направија веридбата, изгледа дека на Џејсон и Роузи не им се брза со свадба.
Оливија Вајлд и Џејсон Судејкис (2 деца)
Актерите ја започнаа врската во 2011-та, а ги споделија новостите за свршувачката во 2013-та.
На големо изненадување на нивните фанови, свршувачката никогаш не се претвори во свадба.
Сепак, парот има две деца - син роден во 2014-та и ќерка родена во 2016-та.
Голди Хоун и Курт Расел (3 деца)
Голди и Курт се еден од најстарите холивудски парови кои до денес не се венчале.
Заедно се уште од снимањето на филмот „Swing Shift“, кој излезе во далечната 1984-та. Тие имаат едно заедничко дете – Вајат Расел, а двајцата имаат по едно дете од претходните врски.
Кирстен Данст и Џеси Племонс (1 дете)
Откако се појавија во серијата „Fargo“ во која глумеа брачен пар, Кирстен и Џеси решија да започнат врска и во реалноста.
Во мај 2018-та, тие го добија нивниот прв син – Енис Хауард Племонс.
Во 2018-та се верија и иако постојат гласини дека можеби се венчале во тајност, тие никогаш го немаат потврдено тоа.
Спирова С. | Црнобело