Новиот дечко на Ријана се опушта со ЛСД и сака жени без шминка - кој е A$AP Rocky?
- Детали
- среда, 29 јануари 2020
Ријана после речиси три години ја прекина врската со милијардерот Хасан Џамел. Изгледа не ѝ беше проблем речиси веднаш да рипне во нова врска. Нејзиниот нов партнер е раперот A$AP Rocky.
Тие се стари пријатели и уште порано се шпекулираше дека имаат кратко љубовно минато.
Беа забележани заедно првпат годинава на 17 јануари на концерт – истиот ден кога ѕвездата и претприемачот официјално ја прекинале врската.
Се споменува и дека Ријана и A$AP Rocky ја поминале вечерта заедно во хотел во Њујорк.
Ријана сè уште нема официјално изјавено дека е во нова врска, а двојката наводно била првпат заедно уште во 2013-та година.
Ријана и Џамел ја завршиле нивната романса бидејќи не биле добар пар на долг рок. Живееле комплетно различен живот и многу тешко успевале да најдат време за себе.
Кој е A$AP Rocky и неколку интересни факти за него?
1. Неговото родено име е Раким Ателастон Мајерс и е роден 1988 во Харлем, Њујорк.
2. Тој е рапер, пејач, текстописец, продуцент, модел, актер и режира музички спотови.
3. Познат е по тоа дека консумира ЛСД и смета дека има терапевтско дејство.
4. Има изјавено дека многу сака жени и „ку*ки“, но не сака премногу нашминкани девојки.
5. Се споредува себеси со Алах.
6. Тој е голем фан на Хари Потер.
Ријана (31) им се отворила на своите пријатели дека сака во животот да се реализира како мајка.
Е. П. | Црнобело