Како изгледаат внуците на најпознатите дедовци во светот?
Том Хенкс има 3 внуци
Том Хенкс има две внуки од син му Колин, и 3-годишна внука од синот Чет.
Неговите деца тврдат дека актерот е најдобриот дедо на светот, а неговите внуки воопшто не биле свесни дека тој е позната личност.
Внукот на Стинг
Стинг има 6 деца кои, пак, му подариле 4 внуци.
Музичарот смета дека бил лош татко, но дава сè од себе да биде одличен дедо.
„Станав поодговорен дедо отколку татко. Ги сакам сите мои деца но, знаете, бев рок ѕвезда. Сега сум едноставен дедо“, има изјавено музичарот.
Харисон Форд е совршениот дедо
Харисон има 3 внуци и една внука, а беше наречен и холивудски дедо за пример.
Наводно, Харисон секогаш наоѓа време за неговото семејство, па дури и ги носи на добротворни вечери и социјални настани.
Чарли Шин и внуката Луна
Чарли Шин долго време го бие лош глас, но изгледа внуката Луна може да го промени и него.
Актерот има изјавено дека по нејзиното раѓање во 2013-та, тој е многу подобра личност. Истовремено, животот буквално му се поделил на „пред и потоа“.
Внуците на Шон Бин
Шон Бин зад себе има 5 брака, од кои има 3 ќерки.
Во 2015-та тој стана дедо, а 2 години подоцна уште еднаш ја доживеа истата радост.
Пирс Бронсан и внуката Марли Меј
„Џејмс Бонд“ првпат стана дедо на 44-годишна возраст, а сега има 3 внуци.
Сепак, изгледа дека омилена му е Марли Меј – неговиот Instagram е преплавен со нејзини фотографии.
Спирова С. | Црнобело