Како изгледаат внуците на најпознатите дедовци во светот?
- Детали
- петок, 17 јануари 2020
Мажите можат да бидат најстрогите татковци, но како целосно да се менуваат кога ќе добијат внуци.
И познатите не се исклучок – дел од најпознатите холивудски заводници се веќе дедовци, а изгледа како нивните внуци да ги претвориле во сосема други личности.
Во продолжение погледнете како изгледаат внуците на некои од најпознатите дедовци во светот:
Снуп Дог и неговото големо семејство
Кога ќе слушнете за Снуп Дог, веројатно помислувате на убави жени, скапи автомобили и огромен златен накит.
Можеби е таков на сцена, но во приватниот живот раперот е навистина грижлив дедо на две внучиња.
Интересно е што редовно споделува фотографии од нив, а фановите сè уште не можат да се навикнат на „новиот“ Снуп.
Тил Линдеман и внукот Фриц
Тил е дел од германскиот метал бенд Rammstein и ретко кој може да си го замисли како дедо.
На само 22-годишна возраст, Тил стана самохран татко. Тој долго време сам се грижеше за ќерка си, пред повторно да стапи во брак. Од вториот брак доби уште една ќерка, а во 2017-та стана горд дедо на внукот Фриц Фидел.
Интересно е што Фриц е голем фан на Rammstein.
Николас Кејџ и внуците
Николас Кејџ има 2 внуци. Во 2014-та се роди Лусија, а во 2016-та Сорин.
И покрај натрупаниот распоред, Николас дава сè од себе за да биде со нив.
Кид Рок и внуката Скај
Кид Рок стана дедо на 43-годишна возраст. Веднаш по раѓањето на внуката Скај, пејачот како да се смири и ретко кога е во неволја.
Познатиот рокер ја обожава внука си, ја носи во Дизниленд, ѝ купува подароци и редовно споделува фотографии со неа на социјалните мрежи.
И Џим Кери е дедо
Холивудскиот комичар стана дедо на 48-годишна возраст, а неколкупати има изјавено дека внукот му е најголема среќа.
„Многу сум среќен што имам внук. Еднаш додека си игравме сфатив дека би умрел без него!“, сподели актерот на Twitter.
Еди Марфи и внуката Еви Исла
Еди Марфи има огромно семејство – тој е татко на 4 сина и 6 ќерки. Во јули 2019-та, актерот стана и дедо.
Малата Еви Исла е опкружена со љубов уште од самото раѓање, а социјалните мрежи се преплавени со нејзини фотографии.