Ѕвезди кои не ги кријат лузните и несовршеностите на телото
- Детали
- четврток, 26 декември 2019
Многумина од нас се загрижени дали лузната им се познава, дали забите им се совршено прави, дали ноктите им се беспрекорни... Но, ѕвездите и покрај медиумскиот притисок се прифаќаат такви какви што се.
Кои ѕвезди одлично си ги прифаќаат „мааните“?
Кира Најтли
Насмевката на Кира Најтли е толку прекрасна, што ретко кој ќе забележи дека двојките ѝ ги прекриваат единиците.
Сандра Булок
Сандра Булок има лузна над левото око, која ја добила како последица од повреда во детството.
Тајра Бенкс
Како последица на стресот кој се акумулирал со години, Тајра Бенкс јавно зборува за опаѓањето на косата кое не може да го контролира.
Падма Лакшми
Падма е популарна ТВ презентерка која не ја крие лузната долга 15 сантиметри, лоцирана на нејзината десна рака. Ѝ останала како последица на сообраќајна несреќа на 14-годишна возраст.
Кејт Мос
Контрадикторно на славата која ја стекна како светски топ модел, Кејт Мос тврди дека има закривени коленици и поради тоа избегнува да носи облека со која ќе ги открие целосно нозете.
Кетрин Зита Џоунс
Една од најубавите актерки, Кетрин Зита Џоунс, има лузна на вратот која ѝ останала по оперативен зафат во детството.
Џереми Ренер
Неодамна сите забележаа дека американскиот актер има многу поголеми плочки на ноктите, отколку површината на прстот.
М. Д. | Црнобело