Наоми Кемпбел во провиден фустан, Ријана замотана во сатен на Британските модни награди 2019 (фото)
- Детали
- вторник, 03 декември 2019
Во понеделникот вечерта познатите личности се собраа на доделувањето на British Fashion Awards за да ѝ оддадат почит на модната индустрија.
Настанот се одржуваше во Ројал Алберт Хол во Лондон, а во центарот на вниманието беа Наоми Кемпбел и Џорџо Армани, кои добија награда за нивното животно дело.
49-годишната убавица, која се закити со наградата Модна икона, носеше долг проѕирен фустан украсен со скапоцени камења. Наоми го дополнила изгледот со дијамантски обетки, нараквици и прстени, а нејзините сандали со сребрен детаљ совршено се вклопуваат со целата комбинација.
Покрај Наоми, на црвениот тепих се појавија и Ријана, Кејт Бланшет и Џулија Робертс, кои привлекоа најмногу внимание со нивниот изглед.
Британските модни награди ги слават креативноста и иновацијата во модата, како и поединците кои ги поместиле модните граници изминативе 12 месеци.
Погледнете што носеа познатите на доделувањето на наградите:
Спирова С. | Црнобело